Согледувајќи ја актуелната ситуација по однос на одвивањето на онлајн наставата и проблемите со кои се соочуваат одредени семејставата, кои имаат тешки социјални предизвици, Општина Крива Паланка издвои сопствени средства и обезбеди лаптоп за семејствотo Станковски од Крива Паланка.
Од денес Грета, Леон и Јован Станковски ученици во ООУ „Јоаким Крчовски“, ќе имаат пристап до современите технологии и можност да следат онлајн настава во домашни услови, а воедно Општината во договор со Т-Мобиле овозможи и интернет конеција.