Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, заедно со ОЈУ „Детелинка“, Здружението на граѓани „Фриц Аид“ од Крива Паланка и членовите на управата на „Футорама е.в“ од Германија потпишаа договор за деловно-техничка соработка за реализирање на проектот „Училница за деца од градинка за згрижување на деца од предшколска возраст, од социјално загрозени ромски и македонски семејства, приматели на социјална парична помош“.
По тој повод градоначалникот Арсенчо Алексовски, во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ организираше традиционален доручек за гостите од Германија.
