Веб сајтот на Општина Крива Паланка го освои второто место во категоријата на владини/државни институции

Оваа година, по единаесетти пат, македонската дигитална маркетинг агенција Медиа солушнс (Мedia Solutions), со поддршка на Министерство за култура, го организира изборот за сајт на годината.

Меѓу номинираните 533 сајтови од целата држава, распределени во 18 категории, Веб сајтот на Општина Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk  го освои второто место во категоријата на владини/државни институции.

Изборот за сајт на годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во нашата земја.

Општина Крива Паланка во текот на оваа година направи редизајн на веб страната, со цел да ги доближи услугите до граѓаните, да ја поедностави комуникацијата и да го олесни пристапот до потребните информации, a наградата е мотивација  да бидеме уште подобри, потранспарентни и подостапни за граѓаните.

 

Големина на фонт
Контраст