Во салата на Општина Крива Паланка денес се одржа промотивна прес конференција за најава на шесттото издание на фестивалот на детска песна „Распеано симитче“.
Организатор на фестивалот е Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, покровител и соработник е Општина Крива Паланка, со поддршка на НУ Центар за култура и ЛУ Градски музеј од Крива Паланка.
Овогодинешното издание на фестивалот ќе биде реализирано во нова онлајн форма, која ќе биде снимена, а подоцна емитувана на ФБ страницата и на YOU TUBE каналот на Центарот за аудиовизуелни уметности.
Извршниот продуцент и директор на фестивалот Методиј Цветковски, изјави дека за овогодинешното издание на фестивалот имаат снимено 10 нови песни во студиото СМ на Сашко Митковски и кај проф. Игор Трајковски, а автори на песните се: Игор Трајковски, Снежана и Оливера Николовски, Гордан Спасовски, Лариса Жулина Митовски, Билјана Петковска Антовска, Филип Додевски и Рената Кралевска.
Учесници на овогодинешниот фестивал ќе бидат дечиња од Крива Паланка и Куманово, за дизајнот на промотивиот материјал е одговорна Натали Велеска, видео продукцијата е на Студио Лесански, фотографија на Ѓорѓи Костовски, видео презентација на Виктор Петровски и техничка поддршка на Давид Ѓеорѓиевски.
На прес конференцијата присувствуваше и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој посака успешна реализација и одржување на континуитетот и квалитетот на фестивалот.