Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар и најдобриот полициски службеник во општина Крива Паланка за 2020 година, a здравственит дом д-р Димитар Арсов доби пригодна плакета за справување со последиците од COVID-19.
Бранко Давитковски е најдобар пожарникар од ТППЕ Крива Паланка, а наградата за најдобар полицаец за 2020 година ја доби Игорче Илиев.
Здравствен дом доби плакета во знак на благодарност за залагањето на целата институција и за напорите кои ги вложуваат здравствените работници, помошен медицински персонал и останатите вработени во справувањето со светската пандемија на COVID-19. Од денес во оваа здравствена институција се прават и бесплатни брзи тестови за потребите на граѓаните на Крива Паланка.
Градоначалникот Мицевски истакна дека припадниците на МВР се на висина на задачите и дека превентивно успешно делуваат во поставените задачи и цели. Резултат на тоа се бројките кои се во тренд на намалување во сите сегменти. Во оваа прилика беше изразена надеж дека сите препораки на Министерството за здравство и Владата на РСМ ќе се почитуваат доследно за одговорно празнување.
Успех бележи и Територијалната противпожарна единица која соодветно одговори на предизвиците во тековната година, со надеж за техничко и кадрово доопремување во наредната година.
На сите од име на Општина Крива Паланка, градоначалникот им ги честита претстојните Новогодишни и Божикќни празници со желби за добро здравје и многу успеси на приватен и деловен план, а овие награди нека бидат само стимул и поттик за постигнување уште подобри резултати во претстојната 2021 година.