Продолжува успешната соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“

Градоначалникот Мицевски денес имаше средба со претседателката на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, Благица  Димитровска.

На средбата се разговараше за претстојните активности од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со партнерот ,,Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Овој проект се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржана од страна на Европската унија.

Во рамки на овој проект, во Општина Крива Паланка беа потпишани четири договори за стипендирање на дечиња со попреченост, запишани во учебната 2020/21, првооделенци и ученици од второ одделение од двете основни училишта во Крива Паланка, ООУ „Илинден” и „Јоаким Крчовски”.

На денешната средба со градоначалникот Мицевски, претседателката на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, Благица  Димитровска, информираше дека во месец септември ќе се реобјави Јавениот  повик за стипендирање на ученици со попреченост, во кој за првпат ќе имаат можност да конкурираат, не само деца со физичка попреченост, туку и деца со оштетен вид, слух, говор, како и деца со Даунов синдром и други слични заболувања  и видови на ментална оштетеност.

Во наредниот периот здружението Инклизива, заедно со учлиштата ќе работи на  индентификација на децата со попреченос и нивните потреби, заради организирање на стручни обуки за наставниот кадар, како и на мониторинг и евалуација на досегашните активности на нивните грантисти.

Градоначалникот Мицевски се заблагодари за досегашниот ангажаман и успешната соработка со здружението Инклузива и најави дека двете основни општински училишта од Крива Паланка се заинтересирани да конкурираат и на повикот за доделување на грантови за подобрување на пристапноста за лица со различен вид попреченост, преку кој ќе можат да се реализираат активности за адаптација на сензорни соби, набавка на асистивни бироа, дидактички материјали за потребите на децата со попреченост, како и изградба и опремување на инклузивни игралишта.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст