Работна средба со директoрите на воспитно – образовните институции од општината

Денес во просторите на ООУ „Илинден“, градоначалникот на општина Крива Паланка, заедно со претставници од општинската администрација, одржа работна средба со директoрите на воспитно – образовните институции од општината.

На средбата се разговараше за досегашните и идните активности, организацијата на наставата и превозот на учениците во услови на пандемија,  како и за аплицирањето на јавниот повик објавен од страна на Министерството за образование и наука за финансирање на проекти за реконструкција на училишни објекти, по основ на пресек и рангирање во месец април 2021 година.  Директорите беа информирани и за  повикот што следи за стипендирање за  ученици со посебни потреби  преку Здружението за промоција и развој на инклузивното општество „Инклузива“ и заинтересираноста на основните училишта да конкурираат за грантови преку кои ќе се реализираат активности  за адаптација на сензорни соби и набавка на асистивни бироа како и опремување на асистивни игралишта.

Исто така се дискутираше и за идната средба со претставници на  Министерството за образование и наука и  за креирањето на  стручни профили кои се барат на пазарот на трудот.

Ваквите работни средби ќе продолжат и во иднина, се со цел за подобрување на условите во образованието.

 

Големина на фонт
Контраст