Денес се одржа состанок за координација на македонската делегација на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) меѓу МК и ЕУ, претставувана преку европскиот Комитет на региони.
На состанокот покрај Информација за активности од последниот 17-ти состанок на ЗКК, одржан на 11 декмври 2019 година, беше извршен избор на ко-претседавач на ЗКК. За ко-претседавач, едногласно е избран градоначалникот Борјанчо Мицевски, на местото на Благој Бочварски, градоначалник на Штип, кој е назначен за министер за транспорт и врски.
На состанокот беа договорени и предложени неколку иницијативи кои ќе бидат отворени како прашања на следната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, а се однесуваат на надминување на билатералниот спор на РС Македонија и Р Бугарија, како и актуелни прашања по однос на процесите за децентрализација.
Состанокот се одржа преку платформата Зум (ZOOM).