Активности за расчистување на локалните улици и патишта од обилните врнежи на снег

По обилните 30 часовни врнежи од снег на подрачјето на Општина Крива Паланка во текот на петок и сабота, екипите на ЈП Комуналец со својата механизација вчера и денес интензивно работат на расчистување на главните сообраќајници и пристапни патишта и улици.

Во текот на  овие два дена дисперзирани се вкупно 16,5 м3 камена ризла и 5, 80 м3 индустриска сол.

Во координација со одговорно лице од Општина Крива Паланка се даде приоритет на улиците  „Св.Јоаким Осоговски“, „8 Октомври“, Домачки Дол, Лозаново, с.Конопница, нас.Илинден, Белево, Баглак, Скрљава, Цонев Рид,  фабрика Карпош-Цонев Рид, с.Мождивњак – Дубје, круг на Здравствен дом, погони во круг на фабриката Карпош, н.Трештен Дол,  Болничка Ливада, с.Дурачка Река-Станци, с.Конопница-Чивлк, Карпина Маала, Ловачки и дел од Житни Магацин.

Во текот на денот се започна со расчистување на пешачките зони и тротоарите, а во текот на утрешниот ден ќе се продолжи со расчистување на патните правци на кои има навеви кон руралните средини.

Со оглед на екстремно ниските температури кои се под нула во континуитет неколку дена, се моли за разбирање кај граѓаните за можноста правовремено и ефикасно да се интервенира на сите локации.

 

Големина на фонт
Контраст