ЛУ Градски музеј – Крива Паланка, на овогодинешниот Kонкурс за проекти од национален интерес во културата, подготви 9 (девет) проектни апликации. Согласно резултатите објавени од Министерството за култура, успешно се пласирани 6 (шест) проекти на Музејот и истите ќе бидат финансирани во Годишната програма за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 година.
Станува збор за проектите: Истражување и документирање на Кривопаланечкиот 19-ти век, МАГНЕТ (Аудио-видео разговорник со Димитар Стојчевски), Подобрување на условите во депоата и чувањето на предметите во Музејот, Подобрување на условите за аудиовизуелна презентација во Музејот кои се однесуваат на музејската дејост. Понатаму предложени за финансирање се и проектот: Заштитни археолошки истражувања на локалитет „Градиште“ во с. Градец во рамките на дејноста заштита на културно наследство како и проектот: Димитар Стојчевски, ретроспективна – монографска изложба.
Вкупната сума на одобрени средства за финансирање на проектите изнесува 750.000 денари.
Став на Градскиот музеј, кој е усогласен со Мрежата на локални музеи, e дека оваа година има одреден прогрес во бројот на одобрени проекти и финансиски средства за локалните музеи, но состојбата и понатаму треба да се менува во позитивен правец, а Министерството континуирано да работи на подобрување на процедурите и регулативите за балансирана распределба на финансиските средства, особено во музејската дејност и дејноста заштита на културното наследство.