Неодамна беше завршена изведбата на градежниот дел на активностите за изградба на канализациона мрежа за отпадни води за населба „Крстата Падина“ во с. Градец, општина Крива Паланка –крак К1и крак К2 во должина од околу 1 км, која беше започната со градба при крајот на изминатата година.
Средствата беа обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Крива Паланка во вкупен износ од 1.875.121 денари со ДДВ, а преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година.
Со изградба на канализационата мрежа ќе се придонесе за унапредување на квалитетот на животот преку создавање на подобри санитарно-здраствени услови за живеење, како и заштита на животната средина. Со изградба на канализацијата непосредно се опфатени околу 40-тина куќи со околу 150 жители.
Преку истата програма Изведувачот продолжува да работи и на изградба на канализациона мрежа во населба Мезовски Ливади, а се предвидува целокупниот проект да заврши до крајот на месец март.