Се поставуваат нови садови за отпад во Крива Паланка

Јавното претпријатие „Комуналец” од Крива Паланка врши замена на старите корпи за отпадоци поставени
во централното градско подрачје.

Поставени се десетина нови пластични садови за отпад, а активноста ќе трае и во текот на следните денови.

– ЈП „Комуналец” изврши набавка на пластични садови за отпад од 50  литри со сопствени финансиски средства, при што на повеќе локации низ градот се изврши замена на старите и оштетени садови со нови. Опфатен е потегот на главната улица „Св. Јоаким Осоговски”, реонот кај полициската станица, а оваа замена на старите садови со нови ќе трае и претстојните денови, изјави директорот на ЈП Комуналец, Миле Марковски.

Вработените во секторот паркови и зеленило на јавното претпријатие деновиве вршат кастрење и кроење на дрвата од дрворедот долж главната улица, а редовно, се врши хортикултурно уредување на јавните површини во градот, засадување пролетно цвеќе и освежување на цветните декоративни форми на повеќе локации во градот, како и формирање нови.

Големина на фонт
Контраст