Средба на градоначалникот Мицевски со стручниот штаб и сениорскиот женски состав на КК „Крива Паланка“ по историски пласман во плејофот на женската лига

По повод големиот успех на Кошаркарскиот клуб – Крива Паланка, градоначалникот Борјанчо Мицевски денес организираше средба со стручниот штаб на тимот и сениорскиот женски состав.

За прв пат во историјата на екипните спортови во градот,  женскиот тим на КК „Крива Паланка“ е прв сениорски женски состав кој настапил во Прва лига жени во македонската кошаркарска федерација и воедно оствари историски пласман во плејофот на женската лига.

Прволигашкиот женски тим од Крива Паланка е најмлад тим во Суперлигата  и претставува најголемо позитивно изненадување на првенството.

-Со овој пласман и историски успех на полето на екипните спортиови во градот, покажавме дека Крива Паланка прерасна во кошаркарки град и расадник на млади спортски таленти, а нашите кошаркарки се вистински спортски хероини на градот и тимот, бидејќи на само 15-16 години ги бранат храбро боите на клубот во друштвото на најдобрите во државата, изјави тренерот Белешковки.

Градоначлникот Мицевски упати честитки и голема благодарност до младите кошаркарки и стручниот тим на клубот за досегашните нивни успеси и во оваа прилика тој рече:

– Успехот се гради чекор по чекор со бројни одрекувања од секојдневните потреби и задоволства, но само најхрабрите, најупорните, најпосветените и најдисиплинираните ги постигнуваат и најдобрите резултати и најголемите успеси. Затоа сме горди на сите Вас, зошто ова што вие го правите е еден голем успех, не само за вас млади девојчиња-кошаркарки  и за првите луѓе на клубот, туку и за општина Крива Паланка, а се надевам во најблиска иднина и за РС Македонија.

Стручниот тим се заблагодари за досегашната соработка и поддршка од страна на Општината, а младите кошаркарки изразија големо задоволство за постигнатиот досегашен резултат и  ветија уште поголеми успеси, како за клубот, така и за локалната заедница и државата.

 

Големина на фонт
Контраст