Во Крива Паланка се поставува ново енергетски ефикасно осветлување

Во општина Крива Паланка започна промената на јавното осветлување со енергетски ефикасно ЛЕД осветлување. По претходно изработена Студија за енергетска ефикасност и избор на партнер по ЕСКО модел, во следните два месеци целокупното постоечко јавно осветлување ќе биде заменето со ново осветлување кое треба да ја намали потрошувачката на електрична енергија за 80%.

Договорот е потпишан со Македонски Телеком АД Скопје, а подизведувач на работите е Електроизградба ДООЕЛ Скопје. Освен тоа што ќе се добие поквалитетно осветлување, се очекува и дефектите на мрежата на јавното осветлување да се сведат на минимум, бидејќи работниот век на новото осветлување ќе биде 100.000 работни часа или околу 20 години.

Периодот на отплатата на средства кон ЕСКО компанијата ќе биде во текот на следните 6 години, по што целокупната инвестирана опрема останува во сопственост на општината. Само по тој основ во текот на гарантниот период ќе бидат заштедени околу 59.000.000 денари по однос на сметки за јавно осветлување.

Со изградбата на фотоволтаици на три институции, промената на столарија, изградбата на термоенергетски фасади и други активности кои ги спроведува општината сериозно се работи на намалување на стаклкеничките гасови, заштита на животната средина и искористување на алтернативни извори на енергија.

 

 

Големина на фонт
Контраст