Модерен музеј- Европски град: Проект за реконструкција на ЛУ Градски музеј Крива Паланка

ЛУ Градски музеј и Општина Крива Паланка започнуваат со реализација на  проектот  „Модерен музеј – европски град“ којшто е одобрен за финансирање од Бирото за регионален развој на Министерството за локална самоуправа, во програма за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на регионите и зголемување на регионалната конкурентност. Одобрени се средства во висина од 1.593.000 денари.

Проектот „Модерен музеј – Европски град“ предвидува санацијата на фасадата од западната и источната страна на музејот и подобрување на енергетската ефикасност во музејот преку комплетирање на системот за централно греење и користење на енергетски ефикасни суровини и обновливи извори на енергија.

Со проектните активности се заокружува процесот на реновирање и адаптација, а се подобрува и визуелниот впечаток на зградата на музејот како уредена, модерна и напредна установа која се грижи за културното наследство на регионот, лоцирана во европски град – Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст