Промоција на две публикации за спорт во рамки на проектот „Спорт за сите“

Денес во просториите на EU House Крива Паланка, се оддржа промоција на две публикации од областа на спортот и тоа: Прирачник за спорт за развој од авторката Надица Јовановиќ и публикација насловена како Анализа на програмата спорт за развој на локално ниво изготвена од Магдалена Спасовска, а издавач е  Здружението за унапредување на меѓусебнта соработка ТАКТ од Скопје.

Двете публикации се продукт од реализацијата на проектот „Спорт за сите“, кој беше координаран од страна на невладината организија ТАКТ од Скопје, а имлементиран од страна на локалното партнерство за спорт и развој од Крива Паланка и поддржан од германското друштво за меѓународна соработка ГИС.

Прирачникот за спорт за развој, има цел да ги насочи и да им помогне на сите тренери, спортски работници, професори по физичко образивание и одделенски наставници да развиваат вештини кои ќе им помогнат да ги вклучат сите во спортските активности.  Во него се опфатени клучните работи што еден тренер за спорт за развој е потребно да ги знае како дел од програмата „Спорт за развој“.

Прирачникот се фокусира на развивање вештини кои придонесуваат кон социјална инклузија на деца од ранливи категории со теоретска позадина и практичен дел со детален опис за поставување на играчите и потребните реквизити, правилата на реализација, како и целта која треба да се постигне.

Публикацијата „Анализа на програмата спорт за развој на локално ниво“ ја разгледува и анализира програмата „Спорт за развој“ во перспектива на локално партнерство за спорт за развој, како клучен елемент во имплементација на програмата. Самата анализа е фокусирана на улогата на спортот како алатка за развој на локланите заедници, како и на улогата на спортот во подобрувањето на добросостојбата и животот на луѓето, особено младите во тие заеници.

Општина Крива Паланка беше првата општина, со која Здружението за унапредување на меѓусебнта соработка –ТАКТ го формираше и првото локално партнерство за спорт за развој во РС Македонија.

 

Големина на фонт
Контраст