Крива Паланка ќе добие возило за одржување на патиштата во зимски услови

Денес во Министерството за локална самоуправа, градоначалникот Борјанчо Мицевски го потпиша договорот за набавка на моторно возило за одржување на локалните и регионалните патни правци во рамки на проектот „Безбеден сообраќај во зимски услови во Општина Крива Паланка”.  Возилото е набавено преку повик на Бирото за регионален развој, во рамки на програмата за намалување на диспаритети помеѓу планските региони.

Висината на грантот е 3.075.000 денари, а возилото ќе биде со придружна опрема и истото ќе биде дополнување на постојната механизација и возниот парк на ЈП „Комуналец“.

Во последните 3 години за јавното претпријатие од различни извори на финансирање се обезбедени вкупно 10 возила од кои 7 нови и 3 половни.

Големина на фонт
Контраст