Општина Крива Паланка продолжува со уредување на централното градско подрачје. Во тек се градежни активности за регулација на минор коритото на Крива Река, дел 3 кон Осички мост, во должина од 200 метри. Изведувач на работите е Лабино Трејд ДООЕЛ од Гостивар.
Проектот се реализира со грант во висина од 3.990.675 денари, обезбедени од Министерство за животна средина и од сопствени извори. Според предвидената динамика изградбата на оваа делница од коритото треба да заврши до крајот на летото.
По оваа фаза, во најскоро време, ќе следи уште една во која ќе се продолжи со изградба на минор коритото кон спортскиот центар, за што во тек е подготовка на тендерската документација.
Фото галерија