Се гради потпорен ѕид на улица „Никола Тесла“

Општина Крива Паланка преку Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура деновиве започна со реализација на изградба на потпорен ѕид на дел од улица „Никола Тесла“  –лев крак.  Потпорниот ѕид ќе биде со должина од 30-тина метри и просечна висина од 4,5 метри.

Со неговата изградба се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот и се надминува опасноста која постоеше за околните индивидуални куќи. Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедни од буџетот на Општина Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст