Градоначалникот Борјанчо Мицевски, како копретседавач на Заедничкиот консултативен комитет, вчера на покана на градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, присуствуваше на работна средба за новите предизвици со кои се соочуваат локалните самоуправи.
На средбата присуствуваа градоначалничката на Трбовље и копретседавач со Комитетот на регионите во ЕУ (ЗКК), Јасна Габриќ, извршниот директор на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, претседателот на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, Коста Јаневски и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.
На средбата беше разговарано за иднината на локалните самоуправи, можностите кои ги нуди ЕУ, искуствата на локалните заедници од земјите членки на Унијата, потенцијалите за соработка и развој, како и за потребата од стекнување нови знаења и развивање на капацитети за брза адаптација.