Министерката за култура Стефоска и министерот за локална самоуправа Милевски во работна посета на Општина Крива Паланка

Министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски денес беа во работна посета во Општина Крива Паланка и присуствуваа на промоција на проектите за реновирање на двете културни институции во градот, финасирани од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој.

Конкретно, преку програмата за урбани подрачја, Општина Крива Паланка ќе рализира проект„Санација, поправка и опремување на НУ Центар за култура“ кој опфаќа активности за санација и опремување на кино салата, галерискиот простор, гардеробите и тоалетите и поставување на нов систем за осветлување, со вкупна вредност од околу 4, 5 милиони денари, како и проектот „Модерен музеј – европски град“ во кој е предвидена санација на фасадата на музејот  и  подобрување на енергетската ефикасност во музејот преку комплетирање на системот за централно греење и користење на енергетски ефикасни суровини и обновливи извори на енергија, со вкупна вредност од 1,5 милиони денари, одобрен преку програмата за намалување на диспаритетите меѓу планските региони.

Во рамки на посетата, министрите Стефоска и Милевски во придружба на градоначалникот Мицевски, извршија увид и директно се  запознаа со имлементираните проекти и реалната состојба на ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура.

За таа цел, од страна на директорот на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, Драган Величковски беше организирана презентација на тема „Децентрализирана култура во Општина Крива Паланка“, со која покрај министрите Стефоска и Милевски  присутните гости и медиуми се запознаа со програмските активности на Општина Крива Паланка во делот на планирањето, реализирањето и финасирањето на културните настани на годишно ниво, како и со анализите на проблемите и понуда на алтернативни решенија за проблемите со кои културните установи и локалната самоуправа се соочуваат, и како креатори и како конзументи на културниот продукт.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, изрази благодарност за посетата, соработката и поддршката на Министерсвото за локална самоуправа и Министерството за култура, нагласувајќи дека воспоставениот принцип на децентрализација на културните манифестации што Општина Крива Паланка го применува, може да биде само позитивен пример и стимул и за другите општини кои потешко се справуваат со планирањето, финасирањето , а особено со реализацијата на културните збиднувања на локално ниво.

Големина на фонт
Контраст