Признанија за новите успеси на младите музичари и нивните ментори од ООУ „Јоаким Крчовски“

Градоначалникот на Oпштина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денес во салата на Советот на општината приреди прием и им врачи благодарници на младите музичари и нивните ментори од oсновното музичко училиште при ООУ „Јоаким Крчовски“.

И покрај пандемијата од Ковид 19 и спецификите во одджување на наставата, оваа учебна година за младите музичари од основното музичко училиште од ООУ „Јоаким Крчовски“ беше извонредно плодна и успешна, како за нивните ментори така и за училиштето и општина Крива Паланка.

Тие триумфираа на бројни регионални, државни и меѓународни фестивали, конкурси и натпревари на музички училишта и ни донесоа голем број на дипломи, признанија, награди и пехари.

Во заедничката соработка и поддршка од општината, основното музичко училиште од ООУ „Јоаким Крчовски“, имаше можност да се престави и пред кривопланечката публика по повод Денот на Европа, 9-Мај, како и да реализира концерти во Europe House-Крива Паланка.

По тој повод градоначалникот Мицевски им врачи благодарници и примерок од монографскиот труд „Историја на образованието и просветата во Крива Паланка“ од д-р Јордан Михајловски, а воедно изрази големо задоволство и почит за нивната посветеност и постигнувањето на највисоки резултати и успеси и на учениците и на нивните ментори, професор по пијано, Лариса Жулина-Митовски, професор по хармоника Дејан Ангеловски и професор по солфеж, Марина Станишковска Пешовска.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст