Општина Крива Паланка доби средства за изградба на локален пат во нас.Мизовски ливади

Општина Крива Паланка, преку ТАВ програмата за подобрување на инфраструктурата во општините, доби средства во висина од 14.532.668 за изградба на крак 2 и крак 4 од локален пат во населба „Мизовски ливади“, со вкупна должина од 1.763 метри.

Договорите за реализација на инфраструктурните проекти им беа доделени на 34 општини во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

Општина Крива Паланка континуирано работи на подобрување на инфраструктурата и обезбедување на еднакви услови за сите граѓани, а претходно, во тек на месец  јуни, преку истатa програма општината доби околу 10.000.000 денари за изградба на улица „Вршачка“.

 

 

Големина на фонт
Контраст