Во текот на вчерашниот ден беше оддржана треттата работилница за изработка на новата стратегија за развој 2021-2026 година на општина Крива Паланка, која вклучува родово одговорни аспекти, преку инклузивен процес на креирање на поефикасни локални политики.
Во изработката на овој стратешки документ за развој, активно беа вклучени претставници од бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, младите, јавните институции и останатати субјекти во општината, со поддршка на локалната самоурава.
На третата работилница конкретно, бае презентирани резултатите од претходната, на која беа дефинирани визијата и мисијата, како и главните стратешки цели и приоритети. А, присутните имаа можност да дадат свои сугестии и дополнувања на стратешките приритети, како и да ги дефинираат активностите.
Работилницата е поддржана од UN WOMEN, во рамки на проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспаренто, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој-Сида.