На 6-ти октомври Општина Крива Паланка се вклучи во акцијата за чистење во рамките на проектот „Македонија без отпад 2012“, организиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „ Ајде Македонија“.
Во акција беа вклучени:
- Општина Крива Паланка;
- ООУ„Јоаким Крчовски“;
- ООУ „ Илинден“;
- СОУ „Ѓорче Петров“;
- Јавно комунално претпријатие„Комуналец“;
- Подрачно одделение за заштита и спасување – Крива Паланка;
- Подрачно одделение за управување со кризи – Крива Паланка;
- Граѓани кои се заинтересирани да дадат свој придонес во реализација на активностите предвидени со оваа акција.
Во СОУ „Ѓорче Петров, ООУ „ Јоаким Крчовски“ и ООУ „ Илинден“ беа поставени собирни пунктови за собирање на стара хартија и беа собрани околу 2 метри кубни стара хартија.
Вработени во Општина Крива Паланка, времено ангажираните лица од страна на Општина Крива Паланка, вработените од ЈП „Комуналец“, вработените во Подрачното оддление за управување со кризи и вработените во Подрачното одделение за заштита и спасување учествуваа во расчистување на 5 (пет) локации во градот:
- Дива депонија во Село Мождивњак, во близина на подрачното основно училиште;
- Дива депонија на улица Климент Охридски (Населба Цонев Рид);
- Дива депонија во населба Единство;
- Мотел Македонија и патот покрај долот кој води до манастир „Св. Јоаким Осоговски“
- Речно корито на Крива Река
Акција беше спроведена и во ученичкиот дом „Боро Менков“, каде учениците сместени во домот и вработените ја искористија акцијата за отстранување на непотребниот стар мебел, душеци и сл., кои од страна на ЈП Комуналец беа транспортирани до депонијата за отпад.
Општина Крива Паланка и понатаму активно ќе зема учество во реализирање на вакви акции за чистење, со цел подобрување на севкупната еколошка состојба во градот.