Од 27 до 29 септември во полскиот град Чешин се одржа првата Европска конференција за хералдика и вексилологија. Во македонската делегација која што учествуваше на овој престижен собир, покрај хералдот м-р Јован Јоновски, учествуваа Петар Гајдов, Александар Гижаровски и нашиот сограѓанин, хералдичарот Стојанче Величковски.
Темата на овој престижен собир на научните авторитети и експерти беше грбовите и знамињата на локалните самоуправи.
На Конференцијата беа одржани шест работни сесии и обработени 15 теми со посебни излагања на експертите од земјата од која доаѓаат. Беа преставени и грбовите и знамињата на општините во Македонија со посебна хералдичка анализа. Грбот на Општина Крива Пaланка беше потенциран како едно од поуспешните хералдички рашенија.