Според објавениот Извештај за извршената проверка на објавените документи и информации кои општините, ЗЕЛС и Центрите за развој на плански региони во Република Северна Македонија како иматели на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници, Општина Крива Паланка со 18 поени е на петтото место и е во групата на општини со високо ниво на транспарентност.
Мониторингот на 88 иматели на информации, односно на веб страниците на општините, Заедницата на единиците на локална самоуправа и Центрите за развој на планските региони е спроведен од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, во периодот од 1 до 20 јули 2021 година.