Реконструкција на дел од улица „Херој Карпош“

Во рамки на програмата за тековно одржување на локалната улична мрежа, извршена е целосна реконструкција на дел од улицата „Херој Карпош“, со асфалтирање на коловозната лента, надградба на дел од тротоарската површина и замена на дотраената водоводна мрежа.

Оштина Крива Паланка интензивно работи на подобрување на инфраструктурата и во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција на крак од улицата „Пере Тошев“.

Оваа година во рамки на Програмата за тековно одржување на улици и патишта се издвоени околу 9.000.000 денари од буџетот на општината.

Големина на фонт
Контраст