На 31 октомври, по повод англискиот празник Ноќ на вештерките, волонтерката од Мировниот Корпус во Македонија, Мишел Витоне, организираше забава за воспитаниците и вработените во ученичкиот дом „Боро Менков“. Оваа забава е една од активностите на волонтерката во овој ученички дом и претставува реализација на програмата за мотивирање на учениците за учење на англискиот јазик и подобрување на успехот по овој наставен предмет.
На забавата претходеше попладневна активност, работилница за сечење на традиционалната портокалова тиква и изработка на маски. На овој начин децата и вработените се запознаа со традиционалниот празник на англиското говорно подрачје, а секако научија и нови зборови во комуникацијата со младата Мишел.
emiHidden=”false” UnhideWhenUsed=”false” QFormat=”true” Name=”Strong” />