Националната установа
ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА – КРИВА ПАЛАНКА
Националната установа Центар за култура – Крива Паланка е единствена институција од таков тип во општината. НУЦК е средиште на културен живот и место каде што покрај матичните културни содржини се презентираат и културни содржини од други институции и каде што се доближуваат културни вредности од врвни институции од земјата и од странство.
Основната дејност НУЦК ја остварува низ повеќе содржини. Интернационалната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ во неговата програма имаше централно место до 1999 година, а сега истата е во надлежнот на манастирот Св.”Јоаким Осоговски”.
Во рамките на НУЦК работи културно-уметничкото друштво „Осми октомври“, Литературниот клуб „Калин“, Балетската група за модерен балет, Работна единица на Работничкиот универзитет, како и Драмската секција.
Адреса: ул. Св.Јоаким Осоговски бр. , 1330 Крива Паланка
Телефон: 031/375 533
ГРАДСКИ МУЗЕЈ
Градскиот музеј е формиран во октомври 2006 година, како локална установа од областа на културата. Музејот е сместен во зградата Дом на АРМ, во центарот на градот. Музејот располага со постојана етнолошка поставка, библиотека, архива и едно стручно лице.
Адреса: ул. Св.Јоаким Осоговски бр. 134, 1330 Крива Паланка
Телефон: 031/372 140