Општина Крива Паланка започна со припрема за изведување на градежните работи за асфалтирање на улиците „Ристена Гогова“ и „Македонска“. Улицата Ристена Гогова ќе се асфалтира во должина од 240 метри, а ширина 4 метри, додека улицата Македонска ќе се асфалтира во должина од 180 метри, а во ширина 3,5 метри.
Со изведување на градежните работи се планира да се постават ивичњаци и да се реши атмосферската канализација.
Изведувач на градежните работи е ГП „Гранит“.