Oтворена изложбата „ОСНОВАЧОТ ВО СЕНКА“ со дела од Димитар Стојчевски

Синоќа (08.11.2021) во стариот конак на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ беше отворена изложбата „ОСНОВАЧОТ ВО СЕНКА“ на која беа изложени делата од Димитар Стојчевски во збирката на Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“ од Крива Паланка.

Градскиот музеј како организатор на изложбата не случајно го одбра овој симболичен датум / ден Митровден именден на сликарот Димитар Стојчевски, и не случајно го одбра просторот на стариот конак на манастирот бидејќи Стојчевски заедно со Мазев, Поп Иванов и Балтон се основачи на Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“ која се одржува секоја година токму во овој свет простор.

Со оваа изложба започнаа активностите во месецот ноември кој е посветен на Димитар Стојчевски, првиот академски сликар од Крива Паланка.

Во рамки на овие активности следуваат уште неколку настани во чест на Стојчевски како што се изложба на делата од Стојчевски во збирката на НУ Центар за култура Крива Паланка, проекција на документарниот филм „Јас Димитар“, промоција на уметничката публикација „МАГНЕТ“ како и краток арт филм од Кирила Цветковска, Ретроспективната-монографска изложба Димитар Стојчевски како и промоција на монографијата за овој наш истакнат автор напишана од Гоце Божурски.

 

Големина на фонт
Контраст