Крива Паланка меѓу трите најеколошки општини за 2020 година

Општина Крива Паланка е рангирана на третото место, покрај општините Карпош и Кочани, според резултатите од конкурсот за избор на најеколошка општина за 2020 година, кој традиционално  го распишуваат „Пакомак“  и „Балкан еко институт“.

Рангирањето е направено врз основа на голем број на критериуми како што се: количини на соберен селектиран отпад  како од домаќинставта така и од деловни субјекти и училишта, висини на средства во општинскиот буџет предвиден за реализација на еко проекти и активности, спроведени еко активности за чистење на диви депонии, број на реализирани еко проекти,  реализирани еко кампањи, уредени зелени површини, квалитет на инспекциски надзори и контроли и слично.

Овој примат општината го доби како резултат на својата посветеност во зачувувањето и унапредувањето  на животната средина, одржливиот развој како и креирањето на навики за постапувањето со разните видови на отпад.

Трите најдобро рангирани општини ќе бидат наградени од страна на  „Пакомак“ и „Шпаркасе банка“ со соодветни еко награди.

 

 

Големина на фонт
Контраст