Граѓански извештај од руралните населени места во Општина Крива Паланка за 2021 година

Центарот за економски анализи (ЦЕА) во соработка со општина Крива Паланка спроведе проeкт со истражување и анализи со наслов „Проект за даночна одговорност – кон граѓанска одговорност и одговорни даноци“, кој е финансиран од Европската Унија.

Како резултат од овој проект произлезе публикувано издание „Граѓански извештај во Општина Крива Паланка за рурални населени места за 2021 година’’, со оценка на граѓаните за задоволството од општинските услуги и нивните приоритети за капитални инвестиции во руралните населени места.

Граѓанскиот извештај претставува алатка со која се оценува степенот на задоволство на граѓаните од различни локални услуги, а воедно претставува и јасно идентификување на локалните приоритети на граѓаните, преку нивно директно учество во процесот.

Наодите од  „Граѓанскиот извештај за Крива Паланка“, се засноваат на резултатите и анализите од спроведената анкета со група граѓани, како и од наодите од дискусијата на фокус групата, спроведена со граѓаните во општина Крива Паланка кои живеат во руралните населени места, а резултатите од извештајот се користат во ситуации кога Општината нема информации за перцепциите на граѓаните, за квалитетот и задоволството од јавните услуги,  и има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за важноста на нивното учество, при носењето на локалните јавни политики.

Граѓански извештај од руралните населени места во Општина Крива Паланка за 2021 година

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст