Започна изградбата на локален пат во населба „Мизовски ливади“

Општина Крива Паланка започна со изградба на локален пат во населба „Мизовски ливади“ со средства обезбедени од Владата на РС Македонија преку ТАВ програмата, за подобрување на локалната инфраструктура во општините.

Градежните работи за изградба на локалниот пат  се одвиваат со интензивно темпо и во зависност од временските услови се очекува брза реализација на овој проект.

Изведувач на градежните работи е фирмата Цвет компани ДООЕЛ, а надзор ВЕИНГ ДООЕЛ.

Општина Крива Паланка и во наредниот период ќе ги интензивира активностите, а се во насока на подобрување на урбаниот лик на градот и подобрување на условите за живот на сите граѓани со решавање на наталожените проблеми.

Големина на фонт
Контраст