По повод претстојните новогодишни празници, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска и претставници на општинската администрацијата ги посетија дечињата од двата објекти на градинката „Детелинка“, како и штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби.
Заедно со Дедо Мраз, на дечињата им подарија новогодишни пакетчиња, а тие пак возвратија со новогодишни песни и игри и искрени насмевки и подароци, кои ги изработиле со нивните воспитувачи.
– Дарувањето подароци за најмалите и најмили жители на градот, е задоволство кое ни ги исполни срцата ова утро на сите нас од локалната самоуправа, а особено се радувам што со овој убав чин на дарување, разбудивме радост и среќа во детските срца, насмевки на нивните лица и надеж за подобро утре, давајќи им до знаење дека и тие се дел од големо семејство кое се вика oпштина Крива Паланка.
Затоа општина Крива Паланка, во свите оперативни планови и конкретни активности, посебно внимание им посветува на најмалите, водејќи грижа за подобрување на условите за нивниот правилен раст и развој и квалитететн воспитно образовен процес.
Посакувам секој миг од нивните животи да биде исполнет со убавини и радост, здравје и добра мисла, со просперитет и исполнети соништа и желби, изјави градоначалникот Сашко Митовски.