Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски заедно со претседателката на Советот, Изабела Павловска, денес остварија работна средба со преставници на Отсекот за превенција при СВР Куманово и преставници од ПС ОВР Крива Паланка.
На средбата градоначалникот Митовски се запозна со начините и принципите на локална соработка со полицијата, со работата на Локалниот совет за превенција и со сите други тековни активности кои се однесуваат на безбедноста на локалната заедница. На оваа средба се дискутираше и натамошниот начин на заеднички активности помеѓу Општината и други државни институции кои работат во интерес на унапредување на безбедноста на граѓаните, а особено за превенција на младите.