Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски потпиша Договор за имплементација на проект со наслов „Создавање услови за рурален развој, развој на туризмот и развој на земјоделието во Североисточен плански регион“.
Инвестициските активности на проектот предвидуваат изградба на пешачка патека која води кон туристичкиот локалитет Калин Камен во должина од 974,35 метри, како и реконструкција на тротоарите во Крива Паланка со должина од 2.025 метри.
Вкупниот буџет за реализација на овие активности, кои ќе се реализираат во Крива Паланка е во висина од 13.617.392 денари, а дел од финасиските средствата се обезбедени преку Бирото за регионален развој за 2021 и 2022 година. Краен рок за реализација на активностите од проектот, е до крајот на тековната 2022 година, а имплементатор е Центарот за развој на Североисточниот плански регион.