Нневестинско поклонение на Свети Теодор Тирон – 2022

Општина Крива Паланка започна со подготовките за реализација на традиционалната културна манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2022“. Општината ги повикува сите заинтереситани невести и свекрви  да земат учество на манифестацијата, која ќе се одржи на ден 13-ти март 2022 година во црквата Свети Теодор Тирон во село Конопница.

Право на учество имаат сите млади невести кои склучиле брак помеѓу две Тодорици, а кои ќе го пријават своето учество во манифестацијата.

Сите заинтересирани  невести и свекрви  можат да го пријават своето учество кај координатор на манифестацијата, Стојанче Величковски  (РЗР ПАТНИК) на тел. 070/321-234 или во Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија при Општина Крива Паланка.

Манифестацијата „Поклонение на Свети Теодор Тирон“ традиционално се одржува ден после верскиот празник „Тодорова сабота“. Таа е возобновена врз основа на вековната традиција каде што младите невести меѓу двете Тодорици, заедно со своите свекрви облечени во традиционалните народни носии го изведувале поклонението пред црквата Свети Теодор Тирон. Возобновената манифестација има за цел да прерасне во регионална манифестација преку која ќе се презентираат народните носии и традиционалните обичаи. Манифестацијата се реализира со придружни културни и други активности.

Големина на фонт
Контраст