Советниците на Општина Крива Паланка едногласно усвоија Одлука за доделување финансиска помош на настраданото население во Украина

Денес на вонредна седница на Советот на Општина Крива Паланка беше донесена одлука за  доделување на еднократна финасиска помош од општинскиот буџет, за настраданото население во Украина.

Советниците едногласно ја усвоија одлуката, која беше предлог на градоначаникот Сашко Митовски.

Во оваа прилика градоначалниот Митовски  упати благодарност до сите советници за eдногласната поддршка на овој симболичен гест, со кој Опшпштона Крива Паланка  ја покажа солидарноста и хуманоста и подаде рака на виситнско пријателство во  најтешките моменти за недолжниот народ на пријатеска Украина.

Големина на фонт
Контраст