Повелете утре на дружење со полицијата и запознавање со опремата на МВР на градскиот стадион

Утре, сабота, 30 април, на градскиот стадион со почеток во 12 часот и 30 минути сите жители на Крива Паланка можат да се дружат со полициските служби, специјалните единици на МВР и да се запознаат со опремата во рамки на настанот по повод  Денот на полицијата, 7 мај.

На настанот може да присуствуваат сите возрасни категории граѓани, а ќе имаат можност за:  дружење со полициските службеници и опрема од сите единици, да проследат показни вежби на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“,  дечињата да влезат во полициски хеликоптер по прелетот на хеликоптерот над градот, (ОЗОЛО)- Одделот за заштита на определени личности и објекти ќе биде исто така на дружба со граѓаните, а предвидено е да има музика и забава за сите присутни и подароци за најмалите.

Настанот се реализира во соработка со Општина Крива Паланка и оттаму ги повикаа сите жители на општината да дојдат на блиска средба и дружба со чуварите на мирот.

На настанот ќе присуствува Директор на бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

Целта на настанот дел од низата во државата е да се одбележи Денот на полицијата, 7 мај, а граѓаните да се запознаат со полициската професија и нивната опрема.

Големина на фонт
Контраст