Избран новиот состав на Младинскиот совет во Општина Крива Паланка

Локалното собрание за млади на Општина Крива Паланка, на ден 28.04.2022 година во салата на Општина Крива Паланка по пат на непосредни избори и со тајно гласање го избра составот на Младинскиот совет на Општина Крива Паланка. Младинскиот совет ќе брои пет члена и ќе биде со мандат од две години и со право на уште еден избор, согласно Статутот на Општина Крива Паланка и Законот за младинско учество и младински политики.

Според апликациите, интерес за членување во Младинскиот совет во Крива Паланка пројавија претставници од шест организации во Крива Паланка. По тајното гласање за членови на Младинскиот совет беа избрани Ангела Пешовска, Виктор Јакимовски, Лина Рангелова, Марио Петровски и Никола Наковски чие членство ќе биде верификувано од страна на Советот на Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст