По извршената измена на категоризација на патниот правец Крива Паланка- ( м.в.Спасена) село Луке, Општина Крива Паланка ќе започне со реализација на проект за надградба, поправки и поставување на нов слој на асфалт на овој патен правец.
Овој проект за реконструкција и подобрубавање на патната инфраструктура, ќе се реализира со средства од 16.318.045 илјади денари од годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), а на огромно задоволство на жителите на село Луке и околината.
Со имплементацијата на овој инфраструктурен проект, се реализираат и заложбите и иницијативата на градоначалникот Митовски за подобрување на квалитетот на животот на населението во секое населено место во Крива Паланка.
Во најскоро време се очекува да отпочнат активностите за надградба и поправка на дотраениот коловоз и да се постави нов асфалтен слој во вкупна должина од 4.4 километри на овој патен правец.
Општина Крива Паланка продолжува со вложување во секој дел од општината.