Премиера на староградската песна од кривопаланечко во ново руво со Дац и Александар

Премиерно слушнете ја традиционалната кривопаланечка староградска песна “Блазе тебе малој моме” во ново руво.

Нашите вредни “Распеани Паланчани” со познатите и единствени, Александар Митевски и Драган Спасов-Дац со нов аранжман на вековната традиција од староградското живеење.

Вредното го сочувуваме – на новите генерации во ново руво го пренесуваме.

Прва модерна обработка на старите звуци од кривопаланечката чаршија, што долго ќе се пеат и ќе говорат за времето низ времето…

Соработка остварена со срце и од срце за нашата Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст