Ќе се гради дополнителна мрежа за отпадни води во Кривопаланечко Мождивњак

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денес потпиша договор за изградба на дополнителна линија од канализациска мрежа за отпадни води во селото Мождивњак.

-Денес потпишав уште еден значаен договор со Министерство за животна средина и просторно планирање од програмата во областа на инвестиции во животна средина за 2022 година. Со овој договор обезбедуваме финасиски средства во висина од 2.405.908 денари за изградба на дополнителна линија од канализациона мрежа за отпадни води во село Мождивњак, а инвестицијата значи заштита на животната средина, но и вложување во секој дел од општината и подобрување на условите за подобар квалитет на живот на граѓаните, изјави Митовски.

Во Кривопаланечкиот регион,во селото Конопница пред еден месец отпочна и изградба на нови систем за наводнување со вкупна должина од 5,4 километри, проект вреден околу 300.000 евра, финансиски поддржан од ИПА програмата на Европската Унија, со кој ќе се обезбеди поврзување со постојната мрежа и изградба на секундарна мрежа за наводнување директно до земјоделските површини.

Големина на фонт
Контраст