ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка со прва награда на третиот Меѓународен натпревар „Сергеј Михајлов 2022″ во Штип

На 9 мај годинава ученичката Миа Тренчовска од музичката паралелка од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски успешно настапи на третиот Меѓународен натпревар „Сергеј Михајлов 2022″ во Штип и освои прва награда во дисциплината пијано (соло).

Фестивалот на млади талентирани музичари е со натпреварувачки карактер и е организиран од страна на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, со поддршка на Министерство за култура.

Фестивалот беше реализиран со физичко присуство на повеќе локации во градот, а истовремено беше  вклучена  и опцијата за онлајн натпреварувачи.

Натпреварувањето беше организирано од  професионален тим, а  комисиите за избор на победниците беа составени од реномирани професори.

Цел и визија на фестивалот е промоција на млади музичари и таленти како од нашата земја така и од странство, промоција и соработка со членови на жири комисија од целиот свет, соработка со музички установи и  асоцијации на светски музички фестивали. Учесниците и натпреварувачите ќе можат да се запознаат со начинот на работа на голем број на ментори, професори и наставници од целиот свет, како и со нивната култура и образование.

Големина на фонт
Контраст