Наградени ученици на Меѓународниот натпревар на класична музика „Арт ин Кавадарци 2022“

Во организација на здружението „Арт ин орг“ на 28 мај 2022 година се одржа Меѓународниот натпревар на класична музика „Арт ин Кавадрци 2022“,  учениците од  ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка ги освоија следните награди:

Дарија Пешовска, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ВТОРОТО МЕСТО;
Теодор Смиљков, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ПРВОТО МЕСТО;
Сара Стојановска, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, го освои ВТОРОТО МЕСТО;

Според директорот Лазе Атанасов, натпреварот е мултиинструментален (клавир, виолина, виола, виолончело, контрабас, кларинет флејта, саксафон, труба,…), а учествуваат над 270 музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ во неколку категории: основци, средношколци, студенти и професионалци. Учествуваат и хор и оркестар, а има и камерна музика.

„Арт ин Кавадарци 2022“ го следи домашно и меѓународно жири од искусни музичари и педагози.

– Секој учесник може да ги претстави своите достигнувања во класичната музика, а ги оценува жири-комисијата во чиј состав се истакнати професори: по пијано од Загреб, по виолина од Србија и Норвешка, по камерна музика од БиХ, информира Атанасов.

– Целта на „Арт ин Кавадарци 2022“ е учесниците да оценат до каде стигнале во музиката и да стекнат нови искуства, да се дружат и црпат знаења од своите врсници, но и постарите и поискусни музичари, дополни директорот.

 

Големина на фонт
Контраст