Како почеток на соработката на општина Крива Паланка со Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, согласно потпишаниот Меморандум за соработка, во просториите на општината беше одржана првата работна средба.
На средбата присуствуваа тимот од Проектот на УСАИД, Градоначалникот на општина Крива Паланка, Секретарот на општина Крива Паланка и дел од општинската администрација и истите зедоа активно учество на работилницата на која се спроведе анализа на капацитетот на само-одржливост на општината, со користење на алатка за самооценување на капацитетите на општинската администрација за управување: со планирање и прибирање на општински извори на приходи, управување со јавните финансии, планирање и извршување на буџетот, фискалната транспарентност и отчетност и други.
На оваа средба, заеднички ги идентификуваме потенцијалните области за поддршка, по што, во иднина ќе се интензивира заедничката соработка и ќе се подготви сет од конкретни мерки со цел зголемување на ефикасноста во идентификуваните области.
Вклучувањето на општината во овој проект има за цел пред се зголемување на квалитетот на услугите кои ги нуди општината и подобрување на животот на сите граѓани.