Женската кошаркарска екипа од средното општинско училиште “Ѓорче Петров”, Крива Паланка како државен првак од училишната Гимназијада ја претставува државата на првите Отворени Балкански училишни спортски игри што се одржуваат во Охрид од 12 до 16 јуни 2022.
Екипата во кошарка 3х3 предводена од професорот по спорт и спортски активности, Ведран Белешковски, во состав Сара Станојковкса, Божица Стоевска, Ксенија Петревска и Матеја Додевска учествува на петдневните Балкански училишни игри заедно со околу 450 ученици-натпреварувачи од најдобрите средни училишта од најдобрите средни училишта од Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Настанот е во оа Македонијрганизација на Федерацијата за училишни спортови на (ФУСМ) ,со поддршка на Агенцијата за спорт и млади (АМС), а Охрид е домаќин на игрите што синоќа свечено ги отворија директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мoјсовски и претседателот на ФУСМ, Александар Туфекчиевски.