Одржана првата седница на Советот на млади на Општина Крива Паланка

Советот на млади на Општина Крива Паланка, денеска во салата на Општина Крива Паланка ја одржа првата седница, на која за записничар е избрана Ангела Пешовска.

Членови на Советот на млади се Ангела Пешовска, Виктор Јакимовски, Лина Рангелова, Марио Петровски и Никола Наковски чие членство е верификувано од страна на Советот на Општина Крива Паланка со Одлука за верификација на мандатите на членовите на Советот на млади на Општина Крива Паланка од 23.05.2022 година.

На првата седница за претседател на Советот на млади беше избран Виктор Јакимовски, а за заменик претседател беше избрана Лина Рангелова.

На првата седница беше усвоен и Деловник за работа на Советот на млади на Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст